Секоја година, според проценките, престануваат да се користат околу 100 милиони мобилни телефони, кои што сопствениците ги заменуваат со нови, подобри модели.
Некои од овие стари телефони завршуваат заборавени во фиоките, а други во отпад, што е лошо за околината, затоа што тешките метали од нивните батерии може да истечат и да го загадат еколошкиот систем.
Според податоците од американската државна Агенција за заштита на околината, во САД само 10 отсто од старите мобилни телефони се рециклираат, иако многу продавници за електронска опрема имаат кутии во кои може да се остават старите мобилни телефони, компјутери и слични уреди.
Една фирма под името green-fon.com, дури им плаќа на луѓето да и ги испратат телефоните кои повеќе не ги користат, а потоа засадува по едно дрво за секој телефон што ќе го добие.
Што се случува понатаму со овие телефони? Тие завршуваат во рацете на компаниите, кои ги „преработуваат“ телефоните. Некои од компаниите рециклираат и над 90 тони мобилни телефони годишно.
Најпрвин се вадат батериите од телефоните, се кршат на мали парчиња, кои потоа се носат на топење.
Потоа мешавината со метал со испорачува во други фирми за рециклирање, кои од неа можат да извлечат бакар или алуминиум, па дури и малку злато.
Тие материјали се користат за производство на нови електронски уреди.
Bravo super blog,a i dobra tema:D:D:D
ReplyDeleteinteresna rabota bravo bravo :D:D
ReplyDeleteinteresna rabota :)
ReplyDelete